Во САД е најавен проект чија цел е да се испита како ќе се однесуваат луѓето кога секој месец би имале загарантирани приходи без оглед на тоа дали се вработени или не. Иако оваа идеја изгледа неостварлива, за неа се повеќе се дискутира последните години, а меѓу тие што ја популаризираа е и претседателскиот кандидат Ендрју Јанг, кој размислуваше за „бесплатни“ 1.000 долари кои месечно би ги добивал секој Американец.
Пред неколку години во Финска дури беше направен и експеримент во кој во текот на две години повеќе од 2.000 невработени луѓе на ворзаст од 25 до 58 години секој месец добваа по 560 евра. Резултатите покажаа дека луѓето кои ги примале парите биле посреќни во однос на контролната група, додека бројот на луѓе кои учествувале во проектот, а потоа добиле работа не забележа значителен пораст.
Експериментот не ги даде очекуваните резултати, а беше критикуван и методот на спроведување затоа што дел од научниците нагласија дека врз база на резултатите не можат да извлечат некаков заклучок кој може да се примени на цело општество.
Сега во САД се подготвува нов сличен експеримент во кој ќе учествува и првиот човек на Twitter, Џек Дорси, со 3 милиони долари. Проектот го стартува иницијативата позната како „Градоначалници за загарантиран приход“ и треба да опфати 14 американски градови и дури 7 милиони Американци. Не е познато кога ќе почне проектот, како ни кој може да учествува во него и колку пари може да добие.
Како што велат организаторите на проектот, овие универзални приходи треба да ја намалат сиромаштијата меѓу луѓето, што ќе има позитивни ефекти на економијата, особено во оваа доба на корона кризата.
(Dnevnik.hr, Business Insider)
(фото: Pixabay)