Вермонт е првата држава во САД со законска обврска жителите да не фрлаат храна во отпад

- Advertisement -

Граѓаните на Вермонт повеќе не смеат да ја фрлаат храната во отпад. Според новиот закон, кој стапи на сила на почетокот на јули, жителите сега се обврзани храната која не планираат да ја употребат да ја компостираат во својот двор или да ја носат во професионални компости.

Додека други држави презедоа некои мерки за менаџирање со отпадот, особено на ниво на компании, Вермонт е првата амеериканска држава која со закон го уреди фрлањето на храната. Оваа политика е амбициозна, но властите на Вермонт веруваат дека мора да преземат нешто за да пренасочат 50% од отпадот од депонија на компостирање или рециклирање.

- Advertisement -

Џош Кели, шеф на одделот за управување со материјали на Агенцијата за природни ресурси на Вермонт, вели дека таа цел постои повеќе од една деценија. „Единствениот начин на кој навистина можете да го намалите отпадот е да се фокусирате на прашањето за отпадот од храна“ вели Кели.

Секои пет години властите на Вермонт организираат копање на отпадот за да видат што се граѓаните фрлаат и она што постојано го откриваат е дека 20% од отпадот е храна. Се покажало дека и прехранебниот отпад е значителен извор на метат, стакленички гас, кој е 25 пати помоќен од хаглерод диоксидот кога е во прашање загревањето на Земјата.

- Advertisement -

Дури и пред да стапи на сила забраната, 72% од жителите на Вермонт компостирале дома, се наведува во истражување на Универзитетот на Вермонт. „Примерот на Вермонт покажува дека ние работиме на компостирањето и на намалувањето на отпадто од храна речиси една деценија, дури и пред да стапи на сила законот“ додава Кели.

Како што наведуваат, државата инвестира во инфраструктура која на граѓаните им го олеснува компостирањето. Се издвојуваат околу 970.000 долари неповратни средства за купување на опрема за компостирање или проширување на услугите за преземање на отпадот.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: PXhere)

Сподели!
- Advertisement -