Во океаните до 2040 година ќе има трипати повеќе пластичен отпад

- Advertisement -

Ново истражување кое го направи The Pew Charitable Trusts и SYSTEMIQ откри дека пластичниот отпад кој ќе влегува во океаните до 2040 година ќе се зголеми трипати ако не се преземат мерки. Истражувањето „Breaking the Plastic Wave: A Comprehensive Assessment of Pathways Towards Stopping Ocean Plastic Pollution“ ги посочува и решенијата кои може да го намалат пластичниот отпад за повеќе од 80%. Според истражувачите, методите кои моментално се користат за справување со пластичниот отпад се помалку ефективни ако не се консолидираат и ако не се придружени со нова технологија и повеќе истражувања.

Извештајот покажува дека ако владите продолжат да го решаваат проблемот со пластичниот отпад како досега, количината пластика која завршува во океаните ќе може да се намали за само 7% во наредните 20 години. Без никаква интервенција, пластиката која завршува во океаните може да се зголеми од 11 на 29 метрички тони до 2040 година. Бидејќи се потребни стотици години за да се разгради, кумулативната количина пластика во океаните дотогаш може да достигне 600 милиони тони, што е еднакво на тежината на 3 милиони сини китови.

- Advertisement -

„Breaking the Plastic Wave” ги идентификува осумте мерки кои би можеле да го намалат пластичниот отпад за 80%. Предложените мерки вклучуваат намалување на производството и консумацијата на пластика, повеќе рециклирање, подобро менаџирање со отпадот и намалување на извозот на пластичниот отпад. Повеќе технолошки откритија, подобри бизнис модели и повеќе истражување и развој се потребни за целосно да се елиминира пластичниот отпад од океаните, се вели во студијата.

Иако многу од овие методи веќе се применуваат од некои влади, во извештајот се прадлага поконсолидиран пристап. Истражувачите проценуваат дека владите може да заштедат до 70 милијарди долари и да ја намалат емисијата на стакленички гасови за 25% до 2040 година ако се применуваат сите предложени мерки.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -