Австрија ги заострува мерките за влез на граѓани од регионот

- Advertisement -

Во Австрија, на полноќ стапија во сила нови мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, oдносно сите земји од Западен Балкан.

За граѓаните на Австрија, ЕУ, Европската економска заедница, Швајцарија, како и сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, при враќање од регионите со висок ризик, според уредбата на Министерството за здравство, новите мерки значат дека тие на граница мора да покажат негативен ПЦР-тест, кој не смее да биде постар од три дена.

- Advertisement -

Доколку немаат ПЦР-тест при влезот, тие треба да одат во самоизолација, која се прекинува со ПЦР-тест што мора да се направи во рок од 48 часа, на сопствен трошок во Австрија.Доколку тестot не се направи во рок од 48 часа, на лицето ќе му се изрече парична казна до 1.450 евра.

Задолжителен карантин дури и во случај на негативен ПЦР-тест е предвиден само за државјани на трети земји кои немаат престој во Австрија, но кои, сепак, сè уште не можат да влезат во Австрија без „валидна причина“.

Сподели!
- Advertisement -