Airbnb ќе забрани изнајмување цели куќи на помлади од 25 години со цел да спречи ширење на корона вирусот

- Advertisement -

Најпознатата платформа за изнајмување, ќе забрани помлади од 25 години во Шпанија, Велика Британија и во Франција да изнајмуваат цели куќи со цел да ја осигура безбедноста на младите и да спречи организирање забави во куќите.

Компанијата размислуваше за овој потег уште минатата година, затоа што изнајмувачите правеа проблеми во локалните заедници.

- Advertisement -

Младите често изнајмуваат куќи за да приредуваат забави, но сега во текот на пандемијата се јавува и загриженост за кршење на мерките за социјално дистанцирање.

Од Airbnb велат дехжга засега забраната ја тестираат во тие три земји кај помлади од 25 години кои имаат помалку од три позитивни оценки и изнајмуваат во близина на местото на живеење.

- Advertisement -

Корисниците кои имаат најмалку три позитивни оценки и немаат негативни критики на платформата не подлежат на ограничувањето. Сите корисници и понатаму ќе можат да резервираат приватни соби преку платформата..

“Ограничувањето има за цел да ги заштити локалните заедници, а помладите гости сепак можат да резервираат сместување надвор од својата околина” велат од Airbnb..

- Advertisement -

(Novac.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -