Бидете секогаш во предност со дигиталните канали на А1 Македонија

- Advertisement -

Светот се менува со неверојатна брзина. Дигиталната трансформација е насекаде околу нас, а бизнисите мора да се прилагодат на новите начини на комуникација и можностите кои таа ги нуди. Пандемијата со коронавирусот и потребата да го заштитиме нашето здравје, на некој начин нè принуди да се прилагодиме на новиот начин на функционирање. Онлајн банкарството за многумина стана рутина, а плаќањето сметки од удобноста на нашиот дом стана навика.

Следејќи ги светските трендови, А1 Македонија на своите корисници им нуди нови начини на комуникација и ги охрабрува да ги употребуваат дигиталните алатки. Со цел намалување на користењето на сметки во хартиена форма, корисниците имаат можност да ги добијат месечните сметки во електронска форма. Услугата „Е-сметка“ им овозможува на корисниците месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш на време, а сметката да ја платат преку апликацијата „Мојот А1“ или преку веб-страницата на линкот www.a1.mk/plati-smetka. Активирање на услугата „Е-сметка“ може да се изврши преку апликацијата „Мојот А1“ во делот „Сметки“ или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410, додека бизнис корисниците можат да активираат „Е-сметка“ со давање согласност за електронска сметка.

- Advertisement -

Една многу корисна апликација која ја нуди А1 Македонија е мобилната апликација „Мојот A1“ која на корисниците им овозможува лесно и брзо управување со припејд и постпејд мобилните и фиксни услуги. Со креирање на корисничко име или пак со брза најава преку својот мобилен телефонски број, корисникот има целосен пристап до сите услуги.

А1 Македонија оди чекор понатаму во обезбедување уникатно дигитално искуство, па така сега јавноста има можност да пристапи на А1 Live Shop – виртуелната продавница на А1 Македонија и со помош на разговор со А1 агент во живо, да добие детални информации за услугите на А1 како и во било кој продажен салон, без разлика каде и да се. Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат директно со продажен агент на А1 во живо преку видео стриминг и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани и да купуваат преку интернет.

Сподели!
- Advertisement -