Паметни билборди прикажуваат таргетирани реклами во зависност од временските прилики и нивото на сообраќај

- Advertisement -
Audi во Обединетото Кралство постави билборди кои користат податоци за моменталните временски услови за да промoвираат различни аспекти од технологијата на автомобилите кои ги произведува. Во рамките на кампањата се користат податоци за сообраќајот, за времето и за временските услови за да се пласираат реклами кои се релевантни за секоја локација во секое време.На пример, доколку има густ сообраќај, креативните рекалми ќе ги потсетат возачите на опцијата Pre-Sense на автомобилите на Audi, односно вградената технологија за превидлива безбедност. Во текот на лоши временски услови рекламите ќе ја прикажуваат опцијата Quattro-on-demand, односно погон на сите четири тркала за време на дожд, снег или магла.Кампњата вклучува 211 билборди во 9 градови во Обединетото Кралство, а го носи името „Audi е вашето шесто сетило“ („Audi as your sixth sense”).

„Ова е првата дигитална кампања која е лансирана на национално ниво. Со помош на директни податоци ние можеме да допреме до возачите со таргетирани и тактички реклами кои се релевантни во текот на целиот ден“ велат од Audi.

(Creativity Online)

Сподели!
- Advertisement -