Фудбалерите кои намерно ќе кашлаат во правец на играчите од противничкиот тим или во правец на судиите во текот на натпреварот ќе добијат директен црвен картон, одлучи Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација, телото кое ги носи новите правила на играта.
„Како и за сите прекршоци во фудбалот судијата ќе може да одлучи каква е вистинската притрода на таквото прекршување. Ако е јасно дека станува збор за случајно кашлање, судијата нема да рагира“ се наведува во образложението на Одборот.
Прекршокот на кашлање во лице ќе падне во категоријата користење навредлив, понижувачки или насилнички говор и/или гестови.
„Ако инцидентот не е доволно сериозен за да се додели црвен картон, ќе биде дадено предупредување за несоодветно однесување, односно непочитување на играта“ се вели во правилникот.
Во документот уште се додава дека судиите не смеат да го казнуваат рутинското кашлање и треба да ги потсетат играчите да не плукаат на земјата, иако тоа не се смета за несоодветно однесување.
Црвениот картон може да се додели и таму каде што играчите редовно се тестираат и таму каде што се претпоставува дека немаат корона вирус. Новиот правилник на фудбалските натпревари го најави Фудбалската асоцијација на Англија.
(Sky Sports, Bizlife)
(фото: Pxfuel)