За само неколку часа Безос изгуби над 20 милијарди долари

- Advertisement -

Додека пандемијата на корона вирусот на многумина им ги уништи бизнисите и компаниите, некои токму во тој период го направија своето најголемо богатство. Еден од тие е и Џеф Безос, основачот и поранешен извршен директор на Amazon, кој со растот на цената на акциите од компанијата еден период беше и најбогат човек во светот.

Изгледа дека сега најдобрите денови за Amazon и Безос поминале. Тоа се гледа од деловните резултати од минатиот квартал, кога забележаа загуба од дури 3,8 милијарди долари, најмногу поради нивната инвестиција во производителот на електрични автомобили Rivian. После објавата на тие резултати берзата реагираше во склад со очекувањата и вредноста на цената на акциите падна за околу 450 долари по акција.

- Advertisement -

Тој минус го осетија и акционерите на компанијата, а најлошо помина најголемиот акционер во компанијата, Безос. Според Fortune, тој само за неколку часа изгубил над 20 милијарди долари. Сепак, нема потреба за грижа затоа што тој и понатаму вредни над 150 милијарди долари.

Освен Riviana, на лошите резултати на Amazon влијаеле и други фактори, како што се инфлацијата, падот на онлајн пазарењето, зголемените трошоци за вработените после масовното вработување во текот на пандемијата и сл. Негативната состојба на пазарот се одрази и на другите технолошки компании и на нивните најголеми акционери, па така поединци од листата со најбогати луѓе во светот во петокот минатата недела изгубија над 54 милијарди долари.

- Advertisement -

(Fortune)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -