Во Зрењанин се гради најголемиот речен танкер во светот

- Advertisement -

Во бродоградилиштето Shipyard Begej во Зрењанин се гради најголемиот речен танкер во светот, долг 135 метри. Директорот на бродоградилиштето, Марко Гудовиќ изјави дека бродот е тежок 855 тони, на проектот се вработени 160 работници, а нарачател е нафтената компанија Shell преку брокер од Белгија.

Бродот го правиме во два дела, а во второто наше бродоградилиште во Перлез, на средината на септември ќе го составиме и ќе запловиме. Сите 160 работници на бродоградилиштето се од Србија и во план е тој број да го зголемиме на 250. Почнавме со реализацијата на проекти за два шлепа за сув товар долги 90 метри, а за следната година имаме потврдени четири проекти“ додаде Гудовиќ.

- Advertisement -

Rubikon Shipping Company од Белград стана сопственик на бродоградилиштето Бегеј во 2016, кое било во стечај. Од минатата година компанијата Rubikon, по почетна цена од 177 милиони долари, стана сопственик и на бродоградилиштето Shipyard Bomex 4M во Перлез, кое исто така било во стечај.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -