Airbnb забрани правење забави во недвижностите што ги изнајмува

- Advertisement -

Платформата за инзајмување приватно сместување Airbnb одлучи да забрани организирање какви било забави во недвижностите што ги нуди. Исто така, во една недвижност ќе може да се сместат најмногу 16 луѓе, си неколку исклучоци за некои простори.

Од компанијата вели дека ќе бидат покренати правни постапки ако гостите или домаќините ги прекршат правилата. „Глобалната забрана на забавите и другите настани е во најдобар интерес на јавното здравје“ се вели во соопштението од Airbnb

- Advertisement -

Во соопштението се додава дека во 73% од имотите е строго забрането правење забави, но и дека некои домаќини дозволиле мали забави како што е прослава на роденден. И покрај тоа, од Airbnb признаваат дека некои нивни гости ја прекршиле забраната.

„Сметаме дека таквото однесување е многу енодговорно. Не сакаме такво нешто и секој кој ќе прави или ќе дозволи нешто такво не припаѓа на нашата платформа“ додаваат.

- Advertisement -

За да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање компанијата на веб страницата ги острани и филтрите за пребарување сместување погодно за организирање забави.

Претходно од Airbnb им забранија на луѓето помлади од 25 години во Велика Бритнаија за резервираат цели домови, откако истата мерка веше воведена во Канада и во САД. Како и други туристички компании, Airbnb е тешко погоден од пандемијата на корона вирусот, иако минатиот месец изјавија дека купувачите резервирале повеќе од 1 милион ноќевања во еден ден, што се случило по прв пат од март наваму.

- Advertisement -

Компанијата со седиште во Сан Франциско во текот на неделата објави и дека планира да излезе на берза. Во април тие собраа 2 милијарди долари од инвеститори, со што вредноста на компанијата се искачи на 18 милијарди долари

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -