На повидок формирање на најголемата хотелска компанија во светот

- Advertisement -

Додека глобалната туристичка индустрија го претрпува најтешкиот удар од пандемијата на корона вирусот, француската хотелска компанија Accor размислува за потенцијално спојување со британскиот ривал InterContinental Hotels. Со овој потег ќе се формира најголемата хотелска групација во светот, пишува францискуот дневен весник Le Figaro.

После ваквата најава акциите и на двете компании скокнаа – акциите на Accor поскапеа за 3%, а на InterContinental за речиси 2%. Ова спојување би значело дека гиантот Marriott повеќе нема да биде најголемиот хотелски синџир во светот — InterContinental и Accor заедно ќе имаат 1,6 милиони соби, а Marriott има 1,3 милиони соби.

- Advertisement -

Врз основа на сегашната состојба на пазарот, комбинираната компанија би вредела околу 17 милијарди долари и би ги споила 5.000 хотели на Accor со речиси 6.000 хотели на InterContinental.

Иако од Accor нема официјално поднесено понуда, управниот одбор на компанијата ја поддржува зделката. Претседателот и извршен директор на Accor, Себастиен Базен, е внимателен во однос на преземањето и останува Accor да го контактира InterContinental, па да видиме каков ќе биде исходот. Портпарол на Accor за Reuters изјави дека компанијата не сака да ги коментира шпекулациите на пазарот, додека од InterContinental немаат никаков коментар на наводите.

- Advertisement -

Географски, ова спојување е логично за двете компании затоа што семејството брендови на Accor е распространето во Европа, а InterContinental повеќе работи во САД и се повеќе го зголемува своето присуство во Кина. Исто така, би им заштедило доста пари на двете компании во поглед на седиштата на компаниите, системите за резервација и програмите за лојалност, пишува Le Figaro.

(Forbes)

Сподели!
- Advertisement -