Фактор: Во Македонија влегуваат H&M, Spar и BILLA

- Advertisement -

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар. Фактор има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.

Според информациите на порталот Фактор, влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA.

- Advertisement -

Во делот на таканаречена брза движечка мода пазарот сериозно го анализира шведскиот H&M. Овој ланец продавници за граѓаните во земјава се уште не е достапен иако дел веќе пазаруваат оттаму во шопинг центрите кои се во земјите од регионот. Според официјалните податоци на интернет-страницата на H&M, групацијата планира во 2020 година да затвори 170, но во исто време има план за отварање на нови 130 продавници како на постоечките, така и на нови пазари.

Ставот на CCC бил дека трговските центри и понатаму ќе останат робусен канал за малопродажба, а тие како активен учесник и во сегментот на трговските центри и на интернет продажбата. Сметале дека интернет-продажбата станува интензивно поскапа како канал на продажба, додека традиционалните канали, односно трговските центри, како резултат на намаленото општо ниво на закупнини стануваат поконкурентни. Според стратегијата објавена на интернет-страницата на LPP, пак,традиционалните продавници во трговските центри и фреквентните шеталишта е во план да останат главен извор на приходи на групата, но фокусот се става и на развој на интернет-продажбата.

- Advertisement -

Foto – Commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -