Facebook ќе им плати на корисниците за привремено да ги деактивираат своите профили

- Advertisement -

Facebook го проучува влијанието на социјалните медиуми врз демократијата и како дел од тоа истражување, гигантот за социјални медиуми ќе им плати на корисниците за да г деактивираат профилите во пресрет на претседателските избори во САД годинава.

Како што пишува Washington Post, компанијата испраќала прашалник до корисниците во кои ги прашува колку би требало да им платат за да ги декативираат профилите на Instagram и на Facebook. Според нивното истражување, профилите би требало да се исклучат на крајот на септември, во период од една до шест недели, а корисниците нема да смеат да им пристапат на платформите во тој период.

- Advertisement -

Вториот дел од прашалнико бара од корисниците да изберат колку мислат дека треба да им се плати неделно – од 10 до 20 долари. Портпарол на Facebook потврди дека компанијата ќе им плаќа на корисниците кои ќе ги пополнат прашалниците или ќе ги деактивираат своите профили.

„Секој што ќе одлучи да учествува во истражувањето, било да е тоа со пополнување на прашалникот или деактивирање на профилите на FB или IG за одреден период, ќе му биде платено“ велат од Facebook.

- Advertisement -

Додаваат и дека тие што ќе учествуваат во истражувањето ќе мора да пополнат уште еден прашалник после претседателските избори. Од Facebook на 31 август објавија извештај во кој ги открија своите планови за истражување во пресрет на претседателските избори со помош на тим од надворешни експерти кои ќе истражат како влијаат социјалните медиуми на гласањето.

„Со цел преку социјалните мрежи да продолжиме да го поддржуваме она што е добро за демократијат и да се бориме против тоа што не е, ни треба пообјективно, непристрасно, емпириски засновано истражување. Токму затоа го најавуваме истражувањето за подобро да го разбереме влијанието на Facebook и Instagram на политичките ставови и однесувањето во текот на изборите годинава“ напишаа во објава од Facebook.

- Advertisement -

граѓани Во објавата се вели и дека ќе бидат избрани посебни примероци од граѓани, кои ќе добијат известување на Facebook или на Instagram. Вкупно во истражувањето ќе учествуваат од 200.000 до 400.000 луѓе.

(Daily Mail)

(фото: Facebook screenshot)

Сподели!
- Advertisement -