Австралискиот биотехнолошки гигант CSL Limited, чии акции пораснаа за речиси 3%, вчера објави дека ќе произведува две потенцијални вакцини, а првите дози би требало да се најдат на пазарот на почетокот на идната година.
Oд CSL откриваат дека очекуваат испорака на 30 милиони дози вакцини кои ги развиваат AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд. Ако тестирањат се покажат успешни првите дози би биле достапни на почетокот на идната година.
Од компанијата додаваат и дека со австралиската влада договориле произвoдство на 51 милион дози вакцини, кои се развиваат на Универзитетот Квинсленд, а кои би требало исто така да бидат достапни на средината на 2021 година.
Иако ова е потенцијално одлична вест, мора да имаме на ум дека не ги знаеме клучните факти за безбедноста и ефикасноста на вакцините. Вакцината на АstraZenecа, која е во завршна фаза, се смета за предводник на глобалната листа за развој на ефикасна вакцина против корона вирусот.
Ваквината на CSL моментално е во првата фаза од клиничките тестирања и се проценува нејзината безбедност. Преминот во втората и во третата фаза се очекуваат на крајот на 2020 година, ако вакцината успешно ја помине втората фаза.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixnio)