Конечно е познато зошто мажите имаат поголем ризик од смртност од КОВИД-19 отколку жените

- Advertisement -

Како што се развива пандемијата на корона вирусот за се повеќе луѓе постои зголемен ризик од развој на потешка форма на болеста. Покачен ризик, освен постарата популација, имаат и гојазните луѓе, но и машкиот пол. Всушност, мажите и жените имаат исти шнси за заразување со корона вирусот, но кај мажите постои поголем ризик од смртност.

Нова научна студија сугерира дека различните реакции на имунолошкиот систем на вирусот, поради староста и полот, може да зависат од вирусното оптеретување и од временскиот тек на инфекцијата.

- Advertisement -

Тоа значи дека кај постарите луше и кај мажите одредени фактори може да доведат до слабеење на имунитетот, што на телото му ја отежнува битката со новиот корона вирус. Научниците сега конечно знаат зошто е тоа така.

Имено, тие ја проучувале РНК од брисови на 430 луѓе кои биле позитивни на КОВИД-19 и на 54 луѓе кои биле негативни. Нивната студија е објавена во списанието PLOS Biology и овозможува подобро разбирање на различните реакции на заразените поединци во рамкиите на различни демографски групи, вклучувајќи ја и возраста и полот.

- Advertisement -

Научниците анализирале антивирусни и имунолошки реакции преку варијабили како тежина на инфекција, пол, возраст и вирусно оптеретување. Тие откриле дека ракцијата на имунолошките клетки не се активира првите три дена од почетокот на инфекцијата, а моќта и составот на таа реакција зависи од вирусното оптеретување и од возраста и полот. Научниците забележале дисфункционална антивиурусна реакција кај постарите луѓе и кај мажите.

Тоа откритие е битно и за развој на лек против КОВИД-19, а самиот тим кој го спровел истражувањето истакнува дека е потребно дополнително да се истражува затоа што брисевите се земени од носот на испитаниците, што не е осетлива анатомска локација за прецизно проучување на маркерите за системски воспаленија.

- Advertisement -

Кога станува збор за имунолошката реакција на зараза, клучна улога имаат протеините наречени интерферони, кои клетките ги произведуваат како одговор на некои вируси. Кај новиот корона вирус може да има слаба активација на интерферони на почетокот на инфекцијата, што потоа доведува до компликации. Студијата покажала дека, на пример, мажите имаат пониско ниво на клеточна антивирусна реакција, додека кај жените сликата е обратна. Од друга страна, забележале зголемена експресија на NF-kB кај мажите, што може да биде несоодветна реакција на имунитетот или адаптивен механизам за намалување на штетите од воспалението.

(News Medical)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -