FIFA и Electronic Arts го организираат првото светско првенство во е-фудбал

- Advertisement -

За сите љубители на компјутерски фудбал или е-фудбал, особено тие што играат FIFA 18, пристигна интересна вест од за партнерство на FIFA и американскиот производител на видеоигри Electronic Arts. Фудбалската асоцијација и компанијата во август идната година ќе го органзиираат првото електронско светско првенство во фудбал eWorld Cup, за кое квалификациите ќе почнат на 3 ноември 2017 година.

Во соопштението од EA велат дека натпреварувачите ќе можат да се квалификуваат врз база на резултати од FIFA Ultimate Team (FUT) Champions Weekend League, односно на онлајн натпреварот како и на живите настани кои се одржуваат од ноември годинава до јули 2018 година.

- Advertisement -

Најдобрите 128 играчи на EA SPORTS FIFA 18 Global Series (од кои 64 играат на PS4 и 64 на Xbox One конзоли) ќе напредуваат кон EA SPORTS FIFA 18 Global Series Playoff натпреварите, кои ќе завршат со финале FIFA eWorld Cup Grand Final 18.

Играчите ќе можат да го заземат своето место во квалификациите на неколку начини. Ќе се одржат лиценцирани рунди на квалификации во кои независни организатори ќе одржуваат турниси според официјалнтие правила и официјални League Qualifying Competitions. Најдобрите натпрварувачи ќе се квалификуваат за двата главни турнири во живо кои ќе се одржат во април 2018 година. Повеќе информации можете да најдете овде.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -