Воздушното перниче Kingii ќе ве спаси од давење

- Advertisement -

Според Светската здравствена организација, годишно повеќе од 370.000 луѓе умираат од давење. Перничето на надувување Kingii е најмалиот гаџет кој ќе се бори да се наали тој број на жртви на давење. Уредот содржи најлонски балон на надувување кој стои сокриен во мал џеб, веднаш до кертриџ со јаглерод диоксид.

Корисниците можат да го надуваат Kingii а помалку од една секунда со едноставно повлекување на мала метална рачка, која го ослободува јаглерод диоксидот од кертриџот и го полни балонот. Малото перниче се носи околу зглобот на раката, а може да го носите додека пливате, сурфате, возите кајак, пловите или ловите риби. Kingii е 78 пати помал од елекот за спасување, а е исто толку ефикасен. Освен тоа, можете да го користите неограничено затоа што се менуваат кертриџите со јаглерод диоксид.

Сподели!
- Advertisement -