Озонската дупка над Антарктикот достигна рекордна големина

- Advertisement -

Озонската дупка над Антарктикот е една од најголемите и најдлабоките во последните неколку години, а анализите покажаа дека сега дупката достигнала максимална величина, предупредуваат научниците од Службата за надзор на атмосферата Коперникус (Copernicus Atmosphere Monitoring Service).

Озонската обвивка во горниот дел на атмосферата апсорбира најголем дел од ултравиолетовото зрачење на Сонцето, кое би било жтетно за животот на нашата планета, пишува Independent. Според податоците на Коперникус, концентрацијата на стратосферскиот озон е падната на речиси нулта вредност над Антаркиткот на надморска висина од околу 20-25 км.

- Advertisement -

Експертите од Коперникус појаснија дека овој пат ширењето на озонската дупка се должи на силниот и стабилен, ладен поларен вртлог, постојано подрачје на низок притисок. Тоа обично се наоѓа зад работ на големиот глечер Рос, на кој температурите може да паднат и до -80 степени Целзиусови.

Тие ја повикуваат меѓународната заедница да преземе поголеми напори за да се загарантира дека државите го почитуваат меѓународниот договор за постапно укинување на хемикалиите кои ја уништуваат озонската обвивка. Додаваат и декаа оваа озонска дупка без сомнение е меѓу најголемите во последните 15 години. Губењето на озонската обвивка над Антарктикот по прв пат е забележано во 1985 година.

- Advertisement -

Постои големи разлики во однос на тоа на кој начин се развиваат озонските обвивки секоја година. Озонската дупка во 2020 година личи на таа од 2018 година, која беше прилично голема, но оваа сигурно е една од најголемите во последните 15 години, изјави Винсент-Хенри Пеух, водител на Службата за надзор на атмосферата Коперникус.

Портпаролката на Светската метеоролошка организација Клер Нулис потсети дека озонската дупка почнува да се шири секоја година во август, на почетокот на арткичката пролет и го достигнува својот максимум во октомври. Таа додава дека и покрај зголемувањето на дупката, експертите и понатаму веруваат дека озонската обвивка постепено се стабилизира после усвојувањето на Монтреалскиот протокол од 1987 година, чија цел е постепено укинување на супстанциите кои го оштетуваат озонот. Според климатските проекции, озонската обвивка до 2060 година би можела да се врати на нивото од 1980 година.

- Advertisement -

Коперникус е програма на Европската унија за набљудување на Земјата, односно на нашата планета и нејзината околина, за крајното добро на сите европски граѓани. Во рамките на програмата се нудат информациски услуги кои се базираат на набљудувањето на Земјата со сателити и невселенски податоци.

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -