General Electric ќе ја гради највисоката и најмоќната турбина на ветер во светот

- Advertisement -

Haliade-X ќе може да генерира 67 гигават-часови енергија во нормални услови, а тоа е 45% повеќе отколку турбините кои се во вода. Таа енергија е доволна за 16.000 домаќинства

Се зголемува популарноста на турбините на ветер, а сега General Electric сака тие и да „пораснат“. Компанијата ги најави своите планови да ја изгради највисоката и најмоќната турбина на ветар во светот. Турбината ќе се вика Haliade-X, ќе биде висока околу 260 метри, што е трипати повеќе од типичната висина на турбините.

Haliade-X ќе може да генерира 67 гигават-часови енергија во нормални услови, а тоа е 45% повеќе отколку турбините кои се во вода. Таа енергија е доволна за 16.000 домаќинства, пренесува Green Matters.

- Advertisement -

„ На индустријата за обновливи извори на енергија и беа потребни 20 години за да ги инсталира првите 17 гигават-часови енергија од турбини во вода. Денес индустријата предвидува дека ќе инсталира повеќе од 90 гигават-часвои во текот на наредните 12 години. Причина за тоа е намалената цена на енергијата и на технологијата. Haliade-X е доказ за посветеноста на GE на сегментот за енергија од ветар и ќе постави нови правила за цената на енергијата добиена на овој начин“, велат од GE.

Oгромната висина на турбината придонесува за поголема ефикасност затоа што ножевите на турбината ќе бидат подолги и ќе ловат повеќе енергија. Исто така, турбините кои се поставуваат во вода исто така се поскапи, па логично е да се прават поголеми турбини наместо повеќе турбини. Одржувањето на турбините не зависи од нивната големина, па и од тој аспект поисплатливо е да се прават поголеми турбини.

- Advertisement -

Не е познато дали новата турбина на GE ќе постави нов стандард за големина во индустријата, но сигурно е дека допрва ќе расте популарноста на турбините на ветар. Од GE велат дека новата турбина ќе почне со работа во 2021, но не се знае кога ќе заврши контрукцијата на истата.

Сподели!
- Advertisement -