Пакистан го забрани TikTok поради „неморални“ содржини

- Advertisement -

Пакистанскиот регулатор на комуникации ја забрани апликацијата TipTok со тврдење дека таа промовира неморални содржини. Одлуката доаѓа еден месец откако истата регулаторна агенција ги забрани апликациите за запознавање како Tinder и Grindr.

Според анализата на Sensor Tower, TikTok е инсталиран на околу 43 милиони смартфони во Пакистан, што значи дека Пакистан е на 12-то место меѓу пазарите за креаторите на TikTok. Истовремено, апликацијата е инсталирана на 2,2 милијарди телефони без оглед на оперативниот систем.

- Advertisement -

Како што наведуваат, пакистанските власти се обратиле до TipkTok со надеж дека сопствениците на апликацијата ќе реагираат и ќе ги отстранат одредените неморални содржини и профили. За потсетување, TikTok е забранет и во Индија поради страв од Кина, чија компанија е сопственик на спорната апликација, а слични потези се очекуваат и од САД на средината на овој месец.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -