Поминаа десет години од основањето на Instagram, кој стана една од најпопуларните социјални мрежи во светот. Корисниците првите фотографии почнаа да ги објавуваат на 6 октомври 2010 година.
Instagram целосно се разликуваше од сите дотогашни социјални мрежи затоа што става фокус на фотографиите и другите визуелни содржини. Неговите идејни творци се Кевин Систром и Мајк Кригер. Мрежата доби многу корисници, а од некои од нив направи ѕврзди.
Instagram моментално има близу 1 милијарда активни корисници и секој ден неговата апликација ја отвораат половина милијарда луѓе. Во првата година од постоењето имаше 1 милион корисници. Профилите на корисниците се различни – од оние кои секојдневно објавуваат фотографии од секојдневието преку деловни луѓе до луѓе од светот на шоубизнисот.
Соосновачот на Instagram, Кевин Систром, беше првата личност која објави фотографија на Instagram и тоа во јули 2010 година, три месеци пред мрежата да стане достапна за јавноста. Тој објави фотографија од куче кое го сретнал во Мексико со насловот „Тест“.
(Klix.ba)
(фото: Kevin Systrom Instagram)