YouTube објави дека ги проширува правилата поврзани со дезинформациите за КОВИД-19 со нови правила врзани за содржини за вакцините против корона вирусот. Имено, бидејчи се приближува денот кога ќе биде готова вакцината против корона вирусот, YouTube сака да го оневозможи ширењето на дезинформациите.
Така, во новите правила стои дека ќе бидат отстранети сите незасновани тврдења во врска со вакцинирањето против корона вирусотцкои противречат на консензусот на експерти од локалните здравствени власти или на светската здравствена организација.
На пример, содржините кои промовираат погрешни информации за вакцини кои предизвикуваат неплодност или убиваат луѓе повеќе не се дозволени на YouTube, како ни содржините врзани за теории на заговор во кои се зборува дека сите кои ќе бидат вакцинирани ќе бидат истовремено и чипирани.
Од Youtube велат дека од март годинава биле отстранети повеќе од 200 илјади видеа кои промовираат опасни дезинформации за корона вирусот, како и содржини кои ширењето на КОВИД-19 го поврзуваат со 5G.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)