Ова е видеото со најмногу прегледи на YouTube

- Advertisement -

За децата забавно, за возрасните иритантно, видеото Baby Shark Dance, кој го сними и пред пет години го објави јужнокорејската компанија Pinkfong, е нов хит на YouTube, односно видео со најмногу прегледи на платформата. Ова детско видео досега е прегледано над 7,04 милијарди пати и го замени на првото место поп хитот Despacito, кој на YouTube беше објавено во 2017 година и и денес е многу популарен со 7,038 милијарди прегледи.

Со толку голем број на прегледи јасно е како Pinkfong само од стримови на видеото заработиле 5,2 милиони долари. Инаку, нивната верзија е само една од бројните изведби и популарни песни достапни на YouTube, но јасно, ниту една не е толку популарна како верзијата во изведба на момчето Хоп Сегоин. Според BBC, песната наводно настанала во текот на 70-тите години од минатиот век во американски летни кампови, додека според една теорија, настанала во 1975 година.

- Advertisement -

За големата популарност, односно растот на бројот на прегледи сигурно придонела и пандемијата. Наместо во градинки, училишта и паркови, децата најголем дел од годината поминаа дома пред телефон, компјутер или телевизор, при што многу од нив гледаа YouTube и видеа како Baby Shark Dance. Една од причините за успехот на тоа видео е веселиот ритам, забавните движења и живописната анимација.

Што се однесува на останатите најпопуларни видеа на YouTube, на трето место се најде Shape of You на Ед Ширан со 5,05 милијарди прегледи, потоа See You Again на Виз Калифа и Чарли Пут со 4,8 милијарди прегледи, па следуваат две видеа за деца (Masha and the Bear и Johny Johny Yes Papa) со повеќе од 4 милијарди прегледи. На седмо место се наоѓаат Марк Ронсон и Бруно Марс со песната Uptown Funk со 3,99 милијарди прегледи, додека некогашниот лидер на YouTube, Пси, се најде на осмо место со Gangnam Style и 3,84 милијарди прегледи.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: https://howmuchdoesitcost.io/)

Сподели!
- Advertisement -