Овој автомобил се трансформира во авион за помалку од 3 минути. Крилата се склопуваат во телото на автомобилот, а опашката се издолжува пред полетување. Може да достигне брзина од 200 км/ч по копно, а потребни се само 300 метри за да полета.
AirCar е дело на словачката компанија Klein Vision. Минатиот месец првиот прототип го направи својот прв лет на аеродромот Пиештани во Словачка. Компанијата сега вели дека за шест месеци отсега би можеле да го имаат првиот комерцијален модел.
Купувачите ќе мора да имаат и дозвола за возење автомобил и дозвола за летање за да управуваат со AirCar. Ќе им биде потребна и писта за поелтување, а засега се уште е комплицирао и вадењето дозволи за летање со автомобил.
Во иднина во транспортот ќе има многу иновации и креацииUrban Aerial Mobility или летачките автомобили се поле со огромен потенцијал за раст. Uber го тестира своето електрично возило VTOL, кое ќе биде комбинација на такси по многу пониски цени.
(World Economic Forum)
(фто: YouTube screenshot)