Јапонски научници создадоа уред кој овозможува секој со мислите да ја контролира играчката робот Gundam, кој е еден од најпопуларните фиктивни борбени роботи.
Истражувачите за таа цел извршиле промени на мобилниот пакет Zaku Gundam robot toy, кој е достапен преку Bandai Zeonic Technics линијата и на купувачите им овозможува рачно да го програмираат роботот користејќи апликација за телефон.
За прототипот кој овозможува контролирање на роботот со мислите истражувачи од компанијата NeU, која е заедничка инвестиција на универзитетите Тохоку и Хитачи, направија верзија која се движи во согласност со мозочните бранови. За да се контролира роботот играчка Gundam со мислите тимот на NeU направи уред сличен на стегач за коса кој се синхронизира со роботот.
Истражувачите го програмираа уредот да испраќа мозочни активности до апликацијата Zeionic Technica, која потоа ги контролира движењата на роботот.
Уредот, всушност, е базиран на фиктивниот механизам за контрола на мозокот од анимираните филмови Gundam наречен Psycommu, кој им овозможува на луѓето да ги контролираат роботите со своите мисли.
Уредот на истражувачите на NeU мери три различни нивоа на мозочна активност, од кои секој контролира посебни движења. Од видеото во прилог можете да видите како функционира прототипот.
(Interesting Engineering)
(фото: )