Глобалната недела на претпримеништво (ГНП) е еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10 000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање на нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите свои земји.
Домаќин на Глобалната недела на претприeмништво во Република Северна Македонија е асоцијацијата Стартап Македонија. Стартап Македонија е со мисија да го поврзе стартап екосистемот со цел да се зајакне и развие којшто придонесува за успешни стартапи.
“Глобалната Недела на Претприемништвото го слави претприемништвото и го поттикнува развојот на екосистемот во Северна Македонија, преку градење на партнерства и поврзување на заинтересираните страни да разменуваат знаења, контакти и идеи за развој и раст на претприемништвото. Веруваме дека тоа дава дополнителна вредност на заедницата и ја позиционира Северна Македонија на глобалната мапа како земја со активен, добро поврзан и стабилен екосистем” изјави Националниот Координатор на Глобалната Недела на Претприемништвото, Симона Чаминска.
Ceкоја година ГНП обработува различни теми кои претставуваат столбови на кои треба општеството да одговори соодветно во однос на предизвиците, особено сега во време на КОВИД-19 кризата на глобално ниво. Оваа година четирите теми на ГНП се стекнувањето на претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование; инспирирањето на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка која ќе овозможи основа на претприемачите за скалирање на нивните бизиси; намалување на бариерите за основање на бизниси особено за младите и жените т.е. поттикнување на инклузивноста во бизнисот, како и квалитетно креирање на политики како соработка меѓу екосистемот и Владата.
Со оглед дека 2020 е година која ни донесе многу предизвици на сите сектори особено на младите претприемчи, Стартап Македонија одлучи преку својот настан оваа година да ги прикаже сите успешно спроведени инцијативи за кои тимот на Стартап Македонија заедно со чинители на стартап екосистемот и партнери на стартап заедницата мактрпно со голема посветеност, труд и енергија лобираше за нивно успешно спроведување се со цел да се зголеми бројот на средства кои ќе се од помош на стартапите со цел побрзо истите да се развијат и да креираат производ и услуги кои ќе се спремни за пласирање на пазарот. Па така на 16-ти ноември првиот ден од Неделата на претприемништво Стартап Македонија под името: „Лобирање за политики за развој на националниот стартап екосистем“ ќе ги истакне најдобрите примери како и следните чекори за создавање на повеќе можности за развој на стартапите. Главен фокус на настанот е важната соработка и потребата од постојана комуникација помеѓу претставници на стартап екосистемот и владата со цел да се донесат успешни политики за развој на домашниот екосистем, објасни Марија Димовска, Проектен Менаџер во Стартап Македонија.\
Заедно со нашите партнери ја проширивме агендата со теми за кои проценивме дека ќе бидат од додадена вредност за публиката како што се инвестициите, дигитализацијата, зеленото претприемништво, женски бизнис, дигиталниот маркетинг и соработката со Корпорации од Македонија и светот како PwC, Oracle, Тиквеш, Телеком, НЛБ и други. За прв пат оваа година во склоп на ГНП го воведуваме и ,,Startup Huddle“ грубо преведен на македонски значи Startup собиранка. Форматот на Startup Huddle е ист во секоја земја каде ГНП се одржува и им овозможува на неколку стартап основачи да дадат 6 минутна презентација за нивните технолошки решенија пред потенцијални клиенти. Претприемачите имаат 20 минути да продискутираат и одговорат на прашања од етаблирани бизниси од Туризмот и Земјоделие. Исто така друг нов сегмент во состав на ГНП 2020 е серијата настани „Пијачка со претприемач“ која им дава можност на наши домашни претприемачи со јавноста дa ја споделат нивната трнлива, но и мотивирачка претприемачка патека со цел да поттикнат други млади во нашата земја дека може да се изгради успешен бизнис во Македонија со конкретно решение не само за локалниот туку и за меѓународен пазар. “Глобалната недела на претприемништво е една од најглавните активности на Startup Macedonia, здружувајќи ги сите засегнати страни и стартапите, како и промовирајќи можности за соработка. ГНП е одлична можност да се покаже најдоброто што го нуди екосистемот и да се направи големо влијание преку подигнување на свеста за тоа што можат да направат претприемништвото и стартапите.”,
,,ГНП ни дава одлична можност да ги претставиме стартапите и нивните иновативни идеи на локални и глобални предизвици на широката јавност. Стартапите кои поминуваат низ SEAVUS акцелераторската програма вложуваат огромен труд и енергија во оформувањето на нивниот производ и/или услуги. SEAVUS учествува по втор пат на ГНП, бидејки неделата на претприемништво им овозможува на стартапите подобро да се вмрежат со останатите членови на екосистемот, да се запознаат со расположливите инструменти во склоп на екосистемот и да ги презентираат своите иновативни решенија пред широката јавност”’, изјави Ангела Митриновска Координатор на Seavus акцелератор.
,,Секој од нас претпримечите што е во процес на развивање на својот стартап потполно се внесува и заложува во креативниот процес што бара многу време и енергија. Глобалната недела на претприемништво ни овозможува на едно место во една недела да се запознаеме со сите расположливи средства во склоп на домашниот екосистем да ги претставиме нашите идеи на стартап сцената и да ја запознаеме јавноста со иновативниот капацитет на нашите стартапи’’, истакна Давид Павловски основач и извршен директор на Кiimo.
Оваа година тимот на Глобалната недела на претприемништво својот ентјузиам за промоција на иновативните идеи и претприeмништвото со помош на нашите партнери Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД, го претoчува во еднонедeлна програма на виртуелни активности која брои 54 партнер организации, 43 настани сеопфатувајки ги сите 4 ГНП теми со 120 говорници. Приклучете ни се виртуелно и следете не на:
Facebook #GEW2020 #innovation
LinekdIn #GEWInclusion #startups
Twitter #GEWЕducation #entrepreneurships
Instagram #GEWPolicy #GEWEcosystem