Innovate.X 2024: Shaping the Future of Innovation, првиот регионален фестивал на иновации

- Advertisement -

На 29 и 30 мај, Скопје ќе го привлече вниманието како домаќин на Innovate.X 2024, првиот регионален фестивал за иновации. Innovate.X e дводневен корпоративен настан, но воедно и работилница за развој на иновации и креативни решенија. Локацијата на настанот е Хотел Лимак, Скопје.

Продуктивната работилница ќе биде фасилитирана и модерирана од над 10 Design Thinking тренери. Тие ќе работат со тимовите со цел да креираат иновативни решенија за 3 клучни теми:

- Advertisement -
  • Sustainable Futures
  • AI-Powered Innovation
  • Marketing Technologies

Покрај работилницата, на Innovate.X ќе имате можност да слушнете инспиративни говори и панел дискусии од професионалци на дадените теми, каде ќе стекнете увид за глобалните иновациски трендови и стратегии за одржливост.

Настанот се очекува да го посетат 20 до 30 компании од Македонија и регионот, а вкупно 150 учесници.

- Advertisement -

Учество на настанот Innovate.X обезбедува неколку значајни придобивки:

– Позиционирање за лидери во иновации, што ги поставува учесниците во преден план во својата индустрија.

- Advertisement -

– Поттикнување на професионален развој преку учество во работилниците и дискусиите со истакнати експерти.

– Креирање на иновативни решенија, продукти и сервиси преку колаборацијата и идентификацијата на нови начини за решавање на предизвиците.

– Следење на глобалните трендови преку претставувањата и дискусии со експерти од регионот.

– Зајакнување на тимовите за развој на бизнисите и соработка со колеги од различни компании.

Крајно и најважно, со учество на Innovate.X обезбедувате и вмрежување со водечки професионалци и компании, креирајќи важни врски и можности за идни деловни соработки.

Super Early Bird влезниците за Innovate.X 2024 се веќе достапни и можете да се регистрирате на ОВОЈ ЛИНК.

Солвео е организаторот на Innovate.X 2024 и е компанија која ги обединува врвните иноватори при обликувањето на одржлива и инклузивна иднина преку алатки потпомогнати со вештачка интелигенција и Design Thinking методологијата.

Сподели!
- Advertisement -