Тим од канадски научници разви неверојатен систем со помош на кој луѓето можат да го сменат нивото на алкохол во крвта трипати побрзо од вообичаено. Својата замисла ја олицетворија во уред со колемина на актовка, која во иднина може да спаси многу животи.
Истражувајќи ја терапијата за акутна состојба на алкохолизираност, тим од научници предводен од д-р Џозеф Фишер од Универзитетот Хелт нетворк во Торонто, пронајде ново и толку едноставно решение што не им се верувало дека досега не им текнало.
Новата метода до која дојдоа вклучува хипервентилација на белите дробови, со што вишокот алкохол се исфрла од телото и на тој начин му помагаат на црниот дроб во намалувањето на на нивото на алкохол во крвта.
Единствената метода која денес се користи за намалување на нивото на алкохол во крвта (која инаку се користи за чистење на крвта од вишокот вода и токсините), но таа метода е неупотреблива во случај на екстремна консумација на алкохол затоа што едноставно, процесот трае премногу долго.
Во најголем број од случаите црниот дроб обработува 90% од алкохолот во телото и тоа е нивото на кое обично не може да се влијае однадвор. Но, оваа нова техника на дишење го намалува нивото на алкохол во крвта трипати побрзо отколку што би било потребно за тоа да го направи самиот црн дроб.
Но, не можете само да хипервентилирате затоа што ќе ја изгубите свеста за 1-2 минути, појаснува д-р Фишер. Тука доаѓа на сцена неговиот уред, кој на лукав начин спречува чувство на зашеметеност и несвестица при хипервентилирање. Кога некој хипервентилира, тогаш брзо се намалува и нивото на СО2 во крвта, што предизвикува чувство на збунетост до граница на несвестица, а тоа не е идеално за лекување на пациенти на кои им е загрозено здравјето.
Нивниот уред при вдишување го збогатува воздухот со доволна количина СО2 така што човекот може да хипервентилира колку сака. Тоа е многу едноставен нискотехнолошки уред, кој може да се направи каде било во светот и не се потребни електронски компоненти, компјутери или филтри.
Уредот е во фаза на прототип и е тестиран на волонтери во лабораторија. Фишер и неговиот тим уште тестираат со цел да утврдат дали може да се продолжи со клинички тестирања. Според податоците на СЗО, околу 3 милиони луѓе годишно умираат од предозирање со алкохол, што е околу 5,3% од вкупниот број на смртни случаи во светот. Нивното истражување е објавено во научното списание Nature.
(Zimo)
(фото: Pixabay)