Facebook автоматски испраќа барања за пријателство ако сте погледнале некој профил

- Advertisement -

Многу корисници во петокот се пожалија на неочекуван проблем со Facebook. Имено, при преглед на нечиј профил автоматски биле испраќани покани за пријателство до сопственикот на тој профил.

Многу корисници на Facebook тврдат дека после прегледот на профилите на други луѓе автоматсдки биле исптратени поканите за пријателство. Овој проблем стави во непријатна ситуација многумина кои ги шпионирале поранешните партнери/партнерки.

- Advertisement -

Од Metа, компанијата во чија сопственост е Facebook, официјално соопштија дека ја поправиле грешката поврзана со неодамнешното ажурирање на апликацијата која предизвикала автоматско испраќање на некои барања за пријателство и се извинија пореади непријатните ситуации.

Оваа најнова грешка доаѓа во момент кога матичната компанија на Facebook, Meta, е среде масовни откази и досега отпушти од работа најмалку 13% од својот персонал или околу 11.000 луѓе.

- Advertisement -

Минатиот месец, пак, поради грешка Facebook за огласи на корисниците им наплати многу повеќе и накратко беше принуден да ги прекине сите огласи.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -