Германската национална железница ќе експериментира со возови на водород

- Advertisement -

Германската национална железница Deutsche Bahn (DB) најави дека развива вов на погон на водород, кој би требало да ги замени возовите на дизел. Операторот ги здружи силите со компанијата Siemens Mobility за развојот на новиот тип воз познат како Mireo Plus H, кој ќе користи водород и литиум-јонски батерии. Возот ќе патува помеѓу Тубинген, Хорб и Форцхајм во германската држава Баден-Вутемберг, а тестирањата ќе започнат во 2024 година.

Mireo Plus H ќе има досег од 600 км, а неговата максимална брзина ќе изнесува 160 км/ч. Железницата Deutsche BahN проценува дека со самото тестирање ќе се спречи испуштање на околу 330 тони јаглерод диоксид во воздухот.

- Advertisement -

Исто така, во план е користење на електрична струја за nводата да се разложи на водород и кислород. Процесот е целосно еколошки, но не е ефикасен во споредба со модернста тенологија која ја користат електричните возила со батерии.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -