Герасимовски: Иновациите во земјава повеќе доаѓаат од граѓаните

- Advertisement -

Иноваторите се оние кои нудат решенија на проблемите со кои се соочуваме како општество, одговори на тешките прашања од кои зависи иднината и развојот. Во изминатиот период тоа на сите ни стана јасно и овие креативни умови, нивните дела, мора да бидат препознени. Токму затоа сум силно решен конечно како држава да воспоставиме еден континуиран систем на поддршка и да им помогнеме да успеат да ги реализираат и пласираат своите производи.

Ова во интервју за МИА го истакнува директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски кој наведува дека и покрај вонредните услови на функционирање поради пандемијата забележана е добра реализција во првата половина од годината.

- Advertisement -

Досега во ДЗИС имаме регистрирано вкупно 1229 домашни патенти. Минатата 2019 година, имавме вкупно 45 регистрирани домашни патенти, од кои 17 правни и 28 физички, а оваа година досега имаме вкупно 36, од кои осум правни и 28 физички. Како што гледате, во суштина повеќето пронаоѓачи во Северна Македонија прават самопроизводство и токму затоа е многу важно да им се помогне. Од друга страна имаме компании кои имаат и по вкупно 26 регистрирани патенти од своето основање, но такви за жал ги немаме многу, истакна Герасимовски.

Тој соопшти дека заклучно со октомври 2020 година поднесени се 899 пријави за патент од кои 858 европски пријави и 32 домашни пријави, 1015 пријави за трговска марка од кои 651 домашна пријава и 364 меѓународни пријави за трговски марки. Исто така, поднесени се и над 20 пријави за индустриски дизајни. Во истиот период, ДЗИС има издадено 876 решенија за признавање на правото на патент и 1020 решенија за признавање на правото на трговска марка.

- Advertisement -

„Пронајдоците се најчесто одговор на потребите на заедницата. Во таа смисла оваа година видовме значителен број производи наменети да помогнат во справување со здравствената криза. Трите награди кои ги доделивме оваа година во рамки на манифестацијата МАКИНОВА се однесуваат на респираторна машина, систем за контрола на оддалеченост и одржување дистанца со користење ултра звучни сензори и пронајдок соларна лежалка. Посебно признание доби и производот мултифункционален уред за брза дезинфекција на големи простори, со чија помош се зголемува безбедноста на вработените во фабрики, конфекции и слични работни средини каде што има повеќе луѓе. Голем дел од овие уреди имаат двојна намена, односно се приспособени да вршат функции што ќе помогнат во борбата со вирусот. На пример уредот за одржување дистанца исто така им помага на лицата со попречен вид да навигираат во просторот, уредот за дезинфекција го прочистува воздухот и така натаму“, објаснува тој.

Фото – Фонд за иновации и технолошки развој

Сподели!
- Advertisement -