-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Традиционалното искачување на штипскиот Исар годинава ќе биде виртуелно!

Kabtel desktop

Во време на изолација, се поттикнува и креативноста на поединци во насока на подигање на јавната свест за важноста од намалување на социјалните активности.

Како што пишува Фокус, младиот Баже Стојанов oд Штип, техничар во регионалната ТВ Стар, алијас DJ Bazz на младите им нуди виртуелно дружење и журка.

Секој четврток, веќе извесен период наназад, DJ Bazz во живо на социјалните мрежи пушта музика и ги кани младите да се дружат од дома, комуницирајќи меѓусебе преку Фејсбук коментари.

-Намерата ми е да влијаам на младите да останат дома, зашто тоа е неопходно, а во исто време да најдам начин како да не го изгубиме нормалниот ритам на забава. Убаво би било да се дружиме на овој начин, а по завршување на епидемијата, овие Фејсбук контакти, може ќе станат и реални – вели DJ Bazz.

Младиот DJ доби поддршка од популарната интернет страница Штипска идила за идејата. Идејата е виртуелните забави да се одржуваат неколку пати во денот, а музиката да биде прилагодена за сите возрасти.

-Страницата Штипска идила постои за да ги афирмира сите штипјани кои на некој начин се истакнуваат во средината. Има над 36.000 поддржувачи, што ни дава за право да веруваме дека со истакнување на позитивните пракси, ќе допреме до што е можно повеќе луѓе – вели администраторот на страницата.

Промоцијата на оваа дружба ќе почне во недела, кога во Штип традиционално се одбележува празникот посветен на споменот на Св. 40 Севастополси маченици, познат како Четр’се. Годинава, поради опасноста од корона вирусот, традиционалното искачување на Исарот и редовните концерти се откажани. Наместо тоа, забавата е закажана на Фејсбук со Штипска идила и DJ Bazz – информираат од Штип.

Вики Клинчарова

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!