Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со којасе врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 07.12.2020 година.
„Корекцијата на малопродажните цени следува по регистрираниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период. ОПЕК и неговите партнери на последниот состанок договориле помало зголемување на производството од претходно најавеното. Имено, од јануари 2021 година колективното производство ќе се зголеми за само 0,5 милиони барели дневно (mbd), што е четири пати помалку од претходно планираните 2 милиони барели дневно (mbd). Дополнително договорено е производството потоа да се следи и да се прилагодува на месечно ниво. Веста за успешното испитување на вакцината против корона вирусот што навестува брза имунизација и враќање во нормала, се очекува да влијае со зголемување на патувањата во меѓународниот авиосообраќај. Целиот позитивен развој со вакцината и очекувањата влијаеше и врз светската берза, па така цените на фјучерсите за Брент нафтата од почетокот на ноември до сега пораснале за 11 УСА $/ barel односно за 30%, бидејќи трговците очекуваат брзо оправувања на потрошувачката со нафта и значајно намалување на глобалните залихи.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг.
Од 15.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,287 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 4,102%, дизелот за 4,35% %, екстра лесното масло има зголемување во просек за 4,065 % и кај мазутот од 0,741% %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,915%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 7.12.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,868 | 0,974 |
Австрија | 1,042 | 1,073 |
Бугарија | 0,928 | 0,933 |
Хрватска | 1,174 | 1,204 |
Германија | 1,086 | 1,267 |
Грција | 1,146 | 1,423 |
Италија | 1,284 | 1,409 |
Унгарија | 1,073 | 1,020 |
Словенија | 1,038 | 0,982 |