MOН: Годинава 4.603 ученици се запишаа во гимназија, а 10.277 во стручни училишта

- Advertisement -

Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година се запишале вкупно 15.481 ученици, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

Од нив 11.325 ученици се за настава на македонски наставен јазик, 3.852 на албански, 298 на турски и 6 на српски наставен јазик.

- Advertisement -

Од МОН соопштуваат дека 4.603 се запишани во гимназиско образование, а 10.277 во стручно образование. 187 се запишале во уметничко образование, а 414 во спортска гимназија.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје и СУГС Гимназија „Георги Димитров“-Скопје.

- Advertisement -

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24:00 часот.

Извор – Радио МОФ

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -