Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг.
„Поради растот на цени на нафтените деривати на светските берзи изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34%. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Од 22.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,837 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 3,916%, дизелот за 2,841%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 3,412 % и кај мазутот од 3,348%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,369%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 14.12.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,860 | 0,982 |
Австрија | 1,041 | 1,072 |
Бугарија | 0,928 | 0,933 |
Хрватска | 1,175 | 1,208 |
Германија | 1,097 | 1,257 |
Грција | 1,153 | 1,427 |
Италија | 1,288 | 1,413 |
Унгарија | 1,092 | 1,038 |
Словенија | 1,059 | 0,998 |