META: Рекордни 62 милиони евра се наплатени годинава од патарините

- Advertisement -

Во годината кога започна ковид-19 пандемијата –  2020, од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра, а оваа година ќе заврши со наплата од 62 милиони евра.

Од македонските патарини годинава се наплатени рекордни 62 милиони евра од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Овој резултат од работењето го спомена директорот на ова претпријатие Ејуп Рустеми во отчетот пред јавноста, во кој ги презентираше резултатите од работењето за годината што изминува.

- Advertisement -

За период од три години, приходите од наплата на патарина се зголемиле за 100 проценти. Во годината кога започна ковид-19 пандемијата –  2020, од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра, а оваа година ќе заврши со наплата од 62 милиони евра.

„Годинава отпочнавме и со модернизација на наплатните станици на Коридорот 8, Глумово и Желино, каде што ќе биде воведена исто така електронската наплата која се покажа како ефективна и брза за наплата и за побрз проток на сообраќајот. Летово во соработка со земјите од регионот успешно стартуваше и проектот ‘Еден таг’“, изјави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

- Advertisement -

Целиот текст на Мета

Сподели!
- Advertisement -