Компанијата Max Bögl Wind ја најави изградбата на највисоката турбина на ветар во светот во Геилдорф во близина на Штутгарт, Германија
Џиновската турбина со три сечила ќе биде висока 264,5 метри. Новата турбина е дел од пилот проект за фарма на ветар со вкупно четири турбини. Другите три турбини ќе бидат високи до 155 метри и ќе бидат опремени со генератори од 3,4 мегават-часови. Според информации на New Atlas, проектот планира и имплементација на нов концепт за складирање енергија. Таканаречената водена батерија треба да им овозможи на турбините да продолжат да работат и кога нема да има соодветни услови како, на пример, при силни ветришта.
Основите на турбините ќе служат како пасивни резервоари за вода за хидроцентралата во нивна близина, па поради тие основи турбините ќе бидат и повисоки за 40 метри. Секој метар плус висина се очекува да го зголеми генерирањето енергиј за 1% на годишно ниво, додека поради големата висина нема да има проблеми со турбуленции на ветрот и ќе се искористува поголем капацитет. Поради тоа овие турбини се одлични за копно каде што има слаби ветришта.
Резервоарите со водените батерии се конектирани со подземни цевки до хидроцентралата. Водените батерии, кои се природен начин на складирање енергија, можат да складираат вишок енергија од мрежата и да ја пушат кога ќе има потреба. Помагаат да се одржува стабилноста на мрежата без прекини на енергија. Се очекув пилот-проектот на почетокот на идната година да почне да произведува енергија за електричната мрежа.