MasterCard ќе прифаќа криптовалути – сакаат на корисниците да им овозможат трансфер на дигитален имот по желба

- Advertisement -

Сите кои имаат биткоин со надеж дека допрва ќе расте вредноста на оваа криптовалута неделава се израдуваа кога Илон Маск објави дека во јануари годинава со Tesla инвестирале 1,5 милијарди долари во таа криптовалута.

Тоа само по себе е доволно за биткоин да постави нов рекорд од над 48.000 долари, а изгледа дека тоа ќе биде само почеток. Од MasterCard вчера најавија интеграција на таа криптовалута во својата мрежа во текот на годинава. MasterCard, всушност, веќе нуди картички за криптовалути, но тие се резултат на партнерства со продавачи кои криптовалутите ги претвораат во традиционални валути, по што се врши трансакцијата.

- Advertisement -

Оваа најава од MasterCard, всушност, значи елиминација на посредниците во картичниот бинис со криптовалути, односно директни трансакции во криптовалути, што би требало да биде побрзо и поевтино.

Што и да мислиме за криптовалутите, останува фактот дека тој дигитален имот станува се побитен дел од платежниот свет, истакнаа во објава од MasterCard. „MasterCard не е овде да ви препорача да почнете да користите криптовалути, ние сме овде да им овозможиме на корисниците, трговците и на компаниите да го преместуваат дигиталниот имот, традиционален или крипто, како и да сакаат“ велат од MasterCard.

- Advertisement -

MasterCard ќе прифати само некои избрани критповалути, односно оние кои задоволуваат одредени приватни, безбедносни, легални и стандарди на ефикасност. Со други зборови, најголем дел од т.н. алткоини нема да бидат прифатени.

MasterCard го следи примерот на PayPal, кој уште минатиот октомври најави платформа преку која ќе може да се купуваат и продаваат криптовалути и да се користат за плаќање.

- Advertisement -

(CNET/BBC)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -