Мајами ќе дозволи користење на биткоин

- Advertisement -

Градот Мајами настојува да го прифати биткоин во своето делување. Според градоначалникот Францис Суарез, тоа е потег кој може да донесе профит во смисла на привлекување технолошки компании. Градската комисија одобри, на предлог на градоначалникот, биткоинот да се користи за плаќање на градските работници, а жителите и компаниите да извршуваат плаќање надомести и даноци со криптовалутата.

Суарез истакна дека Мајами сака да стане технолошки град и да се позиционира како еден од технолошки најнапредните градови во САД. Иако почетниот чекор вклучува и пронаоѓање компании кои ќе ја олеснат трансакцијата на биткоин, градоначалникот сака да инвестира во ограничени количини буџетски средства во биткоин.

- Advertisement -

„Цврсто верувам дека ако Amazon и/или Apple го усвојат биткои во структурата за плаќање, работите ќе се забрзаат затоа што во тој случај зборуваме за многу голем обем на трансакции кои можат да го користат биткоин“ изјави Суарез и додаде дека градските власти сакаат да бидат на врвот и пред другите кога се во прашање криптовалутите и да добијат на поголемо значење.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(Foto: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -