Виена го воведува првиот културен токен во светот

- Advertisement -

Виена ја стартува втората фаза од дигиталниот истражувачки проект со културен токен, кој поттикнува еколошко однесување во секојдневниот живот и ги наградува со бесплатни културни настани.

Со тоа Виена се претставува како паметен град кој го поврзува убавото со корисното – традиција со иновации, заштита на климата преку стилот на живо, пионерскиот дух со одржливоста. Сите заинтересирани граѓани на Виена можат директно да се пријават за учество во програмата за културен токен на оваа страница.

- Advertisement -

Првата фаза од тестирањето била прекината поради пандемијата на Ковид-19. Меѓутоа, веќе од есента 2023 година Виена повторно ја стартуваше пилот истражувачката фаза и влегуваат во вториот круг од овој единствен светски дигитален проект,кој се базира на технологијата Motion Tracking и Blockchain. Отворената тест група во оваа фаза опфаќа 2.000 учесници кои до февруари 2024 година можат да собираат и да ги искористат културните токени.

Апликацијата за културни токени ја бележи оддалеченоста и брзината преку Motion Tracking, која разликува различни форми на мобилност: учесниците кои оставаат автомобил и пешаци, користат велосипед или јавен превоз, собираат бонус поени на патот до културниот токен, соопштија од Градот Виена.

- Advertisement -

Со заштеда на 20 кг CO2 еколошко однесување, учесниците добиваат културен токен во форма на QR код, кој може да се користи како влезница во една од културните институции кои учествуваат во проектот. Каква мотивација треба да се осмисли за луѓето да го интегрираат еколошкото однесување во својот секојдневен живот.

Сите учесници тајно се делат во две групи: контролна група и група која собира токени.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -