Oва се македонските гејмери кои ја направија играта Tie Dye со 70 милиони преземања!

- Advertisement -

Furious Avocado е студио за развој на видео игри од Македонија, основано од ветерани во создавање на игри кои ја направија Tie Dye. Станува збор за видео игра, светски мега хит кој за шест месеци постоење се искачи на врвот на Google Play I App store. Неодамна играта ја доби наградата за најдобра кежуал игра за 2020 година од Chinese Media Group, Game ChaGuan

Пишува – Ана Зафирова

Пред една година, екипа од шестмина момци, Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов, Томи Џуровски, Марио Ампов, Иво Нешковиќ и Наум Михајловски од навидум наивна средба за ручек, дојдоа до идеја да создадат свое гејминг студио именувано според стикерот на телефонот на едeн од нив, Furious Avocado.

- Advertisement -

И ниту еден од нив, ни во најлудите соништа не се надеваше дека за една година ќе се вбројат како студио кое ја има најдобра кежуал игра за 2020 година во светот, според Chinese Media Group, Game ChaGuan.

„Tie Dye е игра која е процес на боење на облека. Идејата за неа дојде од нашиот издавач Crazy Labs, кој веќе подолго време размислуваше за игра на таа тема. Нам ни се виде интересна идејата ж, и веднаш откако го поставивме првиот концепт и генералната визија за играта, увидовме дека имаме потенцијален хит во раце“, вели Наум Михајловски извршен и креативен директор.

- Advertisement -

Развивањето на играта се движело со молскавична брзина, знаејќи го притисокот на индустријата.

Во случајот на Tie Dye развивањето на играта одеше малку забрзано, за помалку од еден месец. Во тестовите увидовме дека играта дава добри резултати. Ние го гејмифициравме трендот за Tie Dyeкој ни го презентираа издавачите, најдовме арт насока и визуелизација според фазите. Ги испробавме механиките како ќе функцинираат во кодот. Сето тоа малку забрзано се случуваше бидејќи сакавме да ја издадеме што побрзо да издадеме активна верзија на пазар“, вели Томи Џуровски, уметнички директор на Furious Avocado.

- Advertisement -

Играта изглегува на пазар во јуни 2020, во вистински момент со летната сезона. И потоа сѐ се случува со брзина на светлината. За кратко време таа се искачува на Google Play I App store, бројот на преземања ги брои своите милиони, кои од едноцифрени, како на активен бројач стануваат двоцифрени. И во исчекување на троцифрените милионски преземања овие момци сметаат дека и успехот можеби за нив бил предвидлив, ако се знае дека имаат добар издавач и одличен тим.

Успехот на Tie Dye повеќе зависеше од искуството отколку од среќа бидејќи многу е битно во мал тим да се потпреш на луѓето со кои работиш, секој да си ја работи својата работа професионално и да знаеш дека можеш да очекуваш добри резултати од тоа што го работи. Затоа успеавме играта да ја направиме во толку краток рок, затоа што сме си професионални во своето поле и да ги постигнеме овие резултати“, истакнува Дамјан Михаилов, водечки аниматор и технички артист.

Од минатото лето до денес оваа видео игра има 10 нови верзии со кои се продолжува нејзиниот живот и ја држат во фокусот на играчите

Сите најнови игри во дигиталново доба, нивното развивање не завршува на денот штом ги издадете. Тука започнува само новиот животен пат на играта. Ова е прва игра која што успеавме ние како студио да ја издадеме и како за прва игра, ниту во најлудите соништа не очекувавме дека ќе издадеме светски мега хит кој ќе експлодира на овој начин. Игра која ќе ја стави Македонија на мапата на земји кои што имаат ваков хит“, вели Наум.

Годината на пандемија и одеше во прилог за гејминг индустријата, па со тоа и на Furious Avocado. Но, оваа висока стартна позиција само им ги разгорува амбициите за повисоки дострели во годините што следат и планови кои прецизно целат во иднината.

 Фокусирани сме на мисијата на издавање уште игри, но и ширење на тимот, нешто ќе ни помогне во таа остварување на таа мисија. Furious Avocado почнува да расте полека и сигурно. Регрутираме исклучително талентирани програмери, артисти, дизајнери. Целта ни е да изградиме студио кое ќе биде дом на најдобрите таленти од Македонија на полето на развој на игри и кое ќе биде бренд на светската сцена“, вели Иво Нешковиќ, технички директор на Furious Avocado.

И ако досега се уште не сте ја преземале играта Tie Dye, време е да го направите тоа, како предвесник на новите летни модни тенденции.

Видеото за овој тим може да го погледнете на следниот линк: https://www.dw.com/mk

Сподели!
- Advertisement -