И покрај подобрениот квалитет на воздухот поради преземените епидемиолошки мерки загадувањето на воздухот предизвика околу 160.000 случаи на прерана смрт во пет најнаселени градови во светот. Научниците кои го објавија тоа ги повикуваат владите да се откажат од фосилните горива и да инвестираат во развој на чиста енергија.
Според извештајот на невладината организација за заштита на околината Greenpeace Southeast Asia, најпогоден од загадениот воздух е Њу Делхи, најзагадениот град во светот, каде што 54.000 смртни случаи минатата година биле резултат на опасните честички PM2.5.
во Токио поради загадувањето умреле 40.000 луѓе, а потоа следуваат Шангај, Сао Паоло и Мексико сити. Економските загуби кои се резултат на загадувањето во тие градови, пак, се проценуваат на 85 милијарди долари.
Честичките PM2.5 се сметаат за најопасни по здравјето затоа што ги оштетуваат срцето и белите дробови и го зголемуваат ризикот од развој на тешки облици на астма. Некои истражувања ги поврзуваат тие честички со поголем ризик од смрт од КОВИД-19.
Според светската здравствена организација, 90% од луѓето дишат загаден воздух, што е поврзано со мозочни удари, рак на белите дробови и срцеви заболувања и сега е изедначен со пушењето тутун.
(N1)
(фото: Pxhere)