Ова е најдобриот директор во светот

- Advertisement -

Harvard Business Review ја објави листата со топ 100 најдобри извршни директори во светот за 2019 година. При составувањето на листата освен финансиските податоци на компанијата, голем акцент се става на влијанието на компанијата врз општеството и врз околината.

Првото место на листата го зазеде Џенсен Хуанг, соосновач и извршен директор на технолошката компанија Nvidiа, кој минатата година заврши на второ место на листата на магазинот. Компанијата ја основал во 1993 година и на почетокот била фокусирана на графички чипови, но со време се прошириле на AI чипови за автономни возила, роботи, дронови итн.

- Advertisement -

На второ место се наоѓа Марк Бениоф од Salesforce, додека на трето место е Франсоа-Анри Пино од Kering. На листата со топ 100 најдобри извршни директори во светот има многу познати имиња, а од попознатите ќе ги издвоиме Сатја Надел од Microsoft, кој се наоѓа на 9. место; Тим Кук на 62. место, Ма Хуатенг од Tencent на 63. место. Целосната листа со директори можете да ја погледнете на овој линк.

Сподели!
- Advertisement -