Откриено кои пластични шишиња најмалку и наштетуваат на планетата и на околината

- Advertisement -

Загадувањето со пластичен отпад е глобален проблем, а голем дел од пластичниот отпад завршува во светските океани, каде што може да остави траги и на морскиот свет.

Знаејќи го тоа, многу научници развиваат стратегии како да го решат проблемот со пластичниот отпад. Тим од научници од Универзитетот Јужна Каролина предводен од Рафаело Бечерило-Ареоло дојде до едноставен заклучок и метода која може да направи разлика.

- Advertisement -

Тимот се концентрирал на PET амбалажата, која најчесто се користи во изработката на пластични шишиња. Тие ја измериле тежината на 187 празни шишиња со различна големина од најпродаваните брендови за да ја пресметаат тежината на пластиката потребна за производство на шишиња со одреден капацитет.

Тие податоци ги споредиле со податоци за PET отпадот и продажбата на пијалаци во Минесота од 2009 до 2013 година благодарение на статистичките податоци кои властите ги собираат за отпадот. Според тие податоци, консумацијата на пијалаци во шишиња во Минесота е блиску до националниот просек.

- Advertisement -

Бечерило-Ареола и неговиот тим откриле дека најефикасни PET шишиња се оние со најголем капацитет во однос на количината пластика употребена за нивна изработка. Со други зборови, нивните податоци откриле дека најефикасни биле шишињата со волумен од 0,5 до 2,9 литри, а шишињата со помал или поголем волумен од тоа употребуваат поголема количина пластика во однос на нивниот волумен.

Меѓу ефикасните PET шишиња има и најефикасни, а тоа се шишињата со волумен од блиску 2,3 литри. Нивниот заклучок доби дополнителна потврда од официјалните податоци за пластичниот отпад во Минесота, кои велат дека PET отпадот бил помал која продажбата на шишиња со волумен од околу 2,3 литри била необичн висока. Од друга страна, кога продажбата на пијалаци во помали шишиња била висока, пораснала и тежината на PET отпадот.

- Advertisement -

Тимот потоа пресметал што би можело да се случи ако се зголеми продажбата на шишиња со волумен од околу 2,3 литри. Во САД годишно се создаваат околу 740.000 тони PET отпад, а кога користењето на шишиња со волумен од околу 2,3 литри би се зголемило за 20%, количината на PET отпад годишно би се намалила за 9.000 тони.

Бечерило-Ареола се надева дека откритието на неговиот тим ќе ги поттикне потрошувачите да се префрлат на користење на поефикасна PET амбалажа, чиј волумен е поблиску до просекот од 2,3 литри и така да помогнат во намалувањето на количината пластичен отпад.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -