Мексико Сити поставува вертикални градини покрај патиштата

- Advertisement -

Главниот град на Мексико, Мексико Сити, поставува вертикални градини покрај најпрометните патишта со цел да се подобри квалитетот на воздухот. Секоја вертикална градина се состои од повеќе од 2.300 растенија, кои директно ги апсорбираат загадувачите, а се наводнуваат со прочистени атмосферски води.

Локалното население може да ги извести надлежните доколку забележат какви било проблеми со градините. Мексико Сити со години се бори против загадувањето на воздухот. Меѓу мерките кои ги има преземено е забрана за движење на возила и огромни инвестиции во јавниот транспорт. Сепак, градот и понатаму е еден од најгусто населените во светот со најмногу сообраќаен метеж.

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот е проблем на глобално ниво – девет од десет луѓе на планетата Земја дишат загаден воздух. Токму затоа ни се потребни многу повеќе вакви зелени решенија.

Сподели!
- Advertisement -