Паметна квака се дезинфицира самата после секоја употреба

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот уште е тука и луѓето сосема разбирливо се загрижени за своето здравје и внимаваат што допираат, особено на јавни места. Кваките на вратите се особено опасни затоа што ги допираат многу луѓе и не можеме да избегнеме да ги допираме.

Некои бизниси размислуваат за поставување врати кои се отвораат со нога, но тие се доста скапи. Една нова компанија наречена Tweaq има генијално решение за тој проблем.

- Advertisement -

Tweaq го револуционизираше одржувањето на здравјето и хигиената во оваа пандемиска доба со новата квака Touch 1. Тоа е високо ефективна квака која самата се чисти благодарение на IoT технологијата вградена во неа. Лесно се поставува и многу лесно се одржува“ пишува на нивната веб страница.

Уредот се состои од квака која кога ќе ја отпуштите од рака активира механички прстен полн со средство за дезинфекција кој оди горе-долу на кваката и ја чисти. Од компанијата велат дека нивната уникатна квака елиминира 99% од бактериите и вирусите за помалку од 3 секунди.

- Advertisement -

Освен тоа, кваката може да се постави на сите врати без да се модифицираат. Кваката работи на литиумска батерија, која гарантира 1.000 употреби. Кога ќе почне да се празни батеријата, преку посебна апликација ќе ги извести корисниците дека треба да се наполни. Батеријата потоа треба да се испрати до компанијата за да ја наполнат со дел да не се создава електронски отпад.

Но, има една маана. Кваката е доста скапа. Еден пар кваки Touch 1 чини околу 550 долари, а саменските кертриџи чинат по 20 долари. Ќе почне да се продава од 9 јули. Исто така, месечно треба да се плаќаат по 9 долари за конектирање на IOT технологијата.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Tweaq screenshot)

Сподели!
- Advertisement -