ВИДЕО: Две хрватски компании почнаа да тестираат достава со дронови

- Advertisement -

Хрватските компании FramesPage и HexaWorx почнаа заеднички да тестираат достава на диоптерски наочари со дрон. Моментално тестирањата се одвиваат на одредена оддалеченост од Загреб, но изјавиле дека сакаат да бидат подготвени за времето кога ваков вид на комерцијална услуга ќе биде возможна и законски дозволена.

Како што пишува TPortal, се работи за два хрватски стартапи кои тестирале полетување и слетување на дронот со пратката по претходно зададени точки. При тоа, било искористено готово софтверско решение кое уште не е прилагодено за урбани средини.

- Advertisement -

„Софтверот за такви потреби, односно за достава во урбани средини, треба дополнително да се развива.“, изјавил Иван Видаковиќ, сопственик на HexaWorx, компанија која го разви дронот кој бил користен за тестирањето.

Иако дроновите засега најчесто се користат за снимање од воздух, фото и видео репродукција, во градежни инспекции, геодезија, надзор на граници и слично, поради законските ограничувача не можат да се користат за автономни летови на поголема оддалеченост.

- Advertisement -

„Дронот останува електронски склоп кој во било кој момент и без најава може да одлучи да ја промени насоката на движење или да престане да работи. Луѓето не сакаат над главата да им поминуваат уреди со камери кои би можеле да паднат. Проблем овде претставува и ограниченоста на летот поради батеријата“, додал Видаковиќ.

Еве како изгледа промотивното видео на компаниите.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -