Технолошкиот гигант Apple при претставувањето на iPhone 12 серијата минатата година непријатно изненади многу корисници со одлуката да ди исфрли слушалките и полначите од пакувањето. Токму затоа е казнет со 2 милиони долари.
Имено, додека компанијата Apple недостигот од полначи го правда со еколошки причини, најголем дел од корисниците не мислат дека ова е оправдан потег, па така Бразил отиде чекор подалеку.
Бразилската агенција за заштита на потрошувачи во Сао Паоло, Procon-SP неодамна го казни Apple со 2 милиони долари затоа што не се испорачани полначи во кутиите со телефони. Како што наведуваат од таа организација, „Apple учествувал во лажно рекламирање и продажба на уреди без полначи по нефер услови“.
Во казната се пресметани и наводно тврдењата за отпорноста на уредите на вода.
(Engadget)
(фото: YouTube)