Илон Маск има нова конкуренција – OneWeb лансираше уште 36 интернет сателити во орбитата

- Advertisement -

Од космодромот Восточни лансирани се нови 36 сателити за интернет на компанијата OneWeb, со што вкупниот број на сателити во робитата се зголеми на 146. Тие сателити се дел од идната флота на интернет сателити дизајнирани да овозможат глобаелн присташ до брз интернет со ниска латенција, тврдат од OneWeb.

До средината на 2021 година OneWeb планира уште три лансирања на интернет сателити, кои ќе овозможат конектирање на сите региони северно од 50. степен географска ширина. Тие услуги ќе ги покријат Велика Бртианија, Алјаска, Северна Европа, Гренланд, Исланд, Арктичкото Море и Канада и ќе биде во погон пред крајот на годинава, велат од OneWeb.

- Advertisement -

Намерата на компанијата е своите услуги да ги понуди на глобално ниво во 2022 година. OneWeb продолжи со лансирање сателити во декември 2020 година, откако се извлече од банкрот со помош на конзорциумот составен од британската влада и индиски Bharti Enterprises, кои се и нови сопственици на компанијата. .

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -